Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово повторно беа попречени да известуваат за настан на скопскиот аеродром од страна на службите за обезбедување.
Додека се одвиваше промоцијата на авионската линија Скопје – Софија претставници на домашните медиуми беа дистанцирани на стотици метри од настанот без можност да земат изјава, ниту пак, да документираат кадри од случувањата. Во исто време сниматели кои се вработени во рамки на владините институции како и новинари од Бугарија имале пристап до самиот авион по слетувањето, како и до претставници од делегацијата.
Реакцијата на новинарските здруженија доаѓа откако медиумите информираа дека неколкуте екипи на националните телевизии останаа на стотици метри оддалечени од авионот кој означи старт на авионската линија Софија-Скопје.
Снимателите на Влада, министерства и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата.
ТВ 21 информираше дека било присутно и аеродромското обезбедување на самата писта.
Влада исто така не се организатори, а од Министерството за транспорт и врски од каде беше испратена и покана за настанот останаа без одговор по големиот број на реакции од страна на медиуми на самата писта.
Присутни биле екипи на ТВ21, МРТ, Сител, МИА, Телма и неколку фоторепортери, стои во текстот на ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.