„Граѓаните покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател, не дозволија државата да се соочи со институционална криза“ рече вечерва на прес-конференција портпаролот на движењето ЗНАМ – Никола Мемов.

Тој го честиташе изборот на претседател на државата и упати благодарност до сите граѓани кои денеска излегле на изборите и својот глас го дале за ЗНАМ.

„Задоволни сме што во текот на кампањата за парламентарните избори успеавме на јавноста да ѝ ги презентираме сите мерки од изборната програма ‘Проглас за достоинствена Македонија’, ги промовиравме нашите кандидати за пратеници, но и нашиот тим експерти од сите области на општественото живеење“ – изјави Мемов.

На новинарско прашање дали имаат резултати колку пратенички места ќе добијат, Мемов одговори дека нивниот аналитички центар во моментов ги пребројува и ги анализира гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.