Народниот правобранител Насер Зибери денеска соопшти дека има зголемување на застапеноста на Албанците во јавниот сектор. Обдусманот рече дека бројот на вработени во администрацијата од албанската заедница е зголемен за 0,8 отсто.

Бројот на вработени од македонската заедница е намален за 0,9 отсто. Споредено со лани кога изнесуваше 72,8 отсто, сега е 71,9. Застапеноста на албанската заедница во 2022 година бележи зголемување на бројот на вработени во јавниот сектор за 0,8 отсто, за разлика од лани каде оваа застапеност беше 20,6 отсто, сега е 21,4 отсто. Зголемување од 0,1 отсто се забележува кај турската заедница, а во однос на лани кога изнесуваше 2,0, сега е 2,1. Ромската заедница за жал останува на истото ниво како лани, 1,3 отсто. Влашката заедница има намалување од 0,1 отсто, додека српската заедница останува со процентот од минатата година, 1,4 отсто. Босанската заедница исто така останува во процентот од минатата година со 0,5 отсто, додека сите останати заедници кои не се изјасниле за својата етничка припадност се застапени во јавниот сектор со 0,7 отсто, изјави Зибери.

Тој наведе дека и натаму има институции кои не почитуваат соодветна застапеност по етничка и родова основа при вработување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.