Албанец премиер е договор помеѓу партиите кој очекува дека ќе се испочитува, е одговорот на народниот правобранител Насер Зибери на прашањето дали се уште сонува дека ќе стане премиер.

Имиџот на првиот премиер верувам остави впечаток кај сите граѓаните, и ова несомнено дека претставува љубопитност за секој. Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира, инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека тоа е договорено и дека таквото ветување за Албанците ќе стане реалност – рече Зибери на Алсат.

Прашан дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, бидејќи му било ветено премиерско место, а заврши на функцијата народен правобранител, Зибери рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.

Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции. Во смисла на прв потпретседател на Владата, министер за правда и други функции, за кои оценив дека не треба да се мешам во извршната власт, бидејќи јас бев кандидат за премиер – изјави Зибери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.