Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање, како и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.
Како што информираат од нејзиниот Кабинет, Сиљановска Давкова, ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именувала Ивана Стојановска.
Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.
Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.