Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство, освен што преставува отсуство на разум е типична за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Луѓе кои едно зборуваат, друго прават. Кои немаат мака да ги изневерат очекувањата на блиските, и кои си поигруваат со судбината на другите. Луѓе кои се плашат од тоа сто го правеле против народот и државата. Жалиме за ваквата реакција, но таа нема да не поколеба во намерите да воспоставуваме заедништво базирано на принципи кое нашите граѓани го очекуваат од нас. Преку глава им е на граѓаните од инфлантниот однос на политичарите кои си ги гледаат само личните интереси, и од сите очекуваат зрелост и одговорен пристап затоа сто реалноста која ја наследивме од минатата гарнитура е катастрофална, институциите се разурнати, дивеат банди, системот за вредности веќе не постои, државата беше екстремно задолжена и пред банкрот, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека потребно е обединување на сите општествени чинители, на сите кои сакаат да го вложат својот потенцијал во развојот на државата. Македонија мора да победи, и тоа ќе се случи преку обединување без разлика на верска, етничка или партиска припадност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.