На вредностите од НОБ почиваат македонската држава и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и таа суштинска поврзаност ја прави разликата помеѓу нашата партија и останатите политички субјекти, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на денешната средба со членови и симпатизери на партијата во Струга.
Зборувајќи за идеологијата на социјалдемократите низ годините наназад, поставувајќи ги темелите на македонската државност па се до денеска, Зечевиќ посочи дека политичката борба на актуелните генерации македонски политичари е да обезбедат европска иднината на својот народ.
-Ако македонските партизани со својата решителност и храброст, со својот живот, ја отворија вратата на слободна, независна и суверена македонска држава, политичката борба на сегашните македонски политичари е да обезбедат европска иднина. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, со признат јазик, идентитет и посебност, во големото семејство на државотворни европски народи, рече Зечевиќ.
Генералниот секретар додаде дека СДСМ е 31 година на вистинската страна на македонската историја и дека сите државничките одлуки за сигурна, ервопска иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.