Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ – Вардарски, денеска се сретна со делегација на Националниот демократски институт НДИ во Македонија, предводена од Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата се зборувало за повеќе актуелни теми во државата, меѓу кои и „работата на Собранието и реформскиот процес важен за државата и за евроинтеграцијата“. Дополнително, страните разговарале и за внатрепартиската демократија, како и за реформа на изборното законодавство.

Го заокружуваме процесот на зајакнување на парламентарното мнозинство. Тоа ќе влијае на политичка стабилност, ефикасност на институциите и спроведување на економските реформи. Во наредниот период очекувам проевропското парламентарно мнозинство дополнително да се зголеми за поддршка на европскиот пат на земјата, рече Зечевиќ, додавајќи дека прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено и дека тие ќе се одржат во 2024 година.

Зечевиќ му се заблагодарил на НДИ за поддршката што оваа „реномирана организација ѝ ја дава на Македонија особено во делот на демократизација и поддршка на структурните реформи, во последните три децении“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.