Државничките политики на СДСМ меѓународно ја етаблираа земјата и ја зајакнаа нејзината меѓународната позиција, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во своето интервју за неделникот „Фокус“.
„Сето тоа резултираше со силна, јасна и недвосмислена поддршка за Македонија, за нејзината европска иднина, од најсилните светски и европски држави, од САД, Германија, Франција и многу други. Ваква силна меѓународна поддршка досега сме немале.Свесен сум дека стратешките геополитички односи имаа одредено влијание и сега е моментот да се искористи оваа, би рекол историска шанса. Од нас зависи, дали оваа шанса ќе ја зграпчиме или ќе ја пропуштиме. Ако ние дома на знаеме да одработиме за иднината на сопствената татковина, залудна ќе биде поддршката на светските сили кои ни се наклонети.Јас сум од тие коишто посветено веруваат во уште една историска македонска победа со сопствени сили и со искрена поддршка од нашите меѓународни пријатели“ порача тој.
Запрашан за процесот на уставни измени, Зечевиќ одговори дека тој очекува дека ќе се разбуди свеста и чувството за политичка одговорност и ќе надвладее чувството за државен однос, за тие промени да се затворат пред изборите.
„СДСМ и лично јас како човек, пред сѐ, а потоа и како политичар, ќе направиме сè Македонија да продолжи по европскиот пат, да бидат спроведени реформите, да ја оствариме стратешката цел за членство во ЕУ. Затоа што веруваме дека тоа значи спас за нашата земја, забрзан економски раст, повисок животен стандард, затворање на сите идентитетски прашања и сигурна, обезбедена иднина за младите. Постои реална можност уставните измени да се случат. Одговорноста е кај сите политички субјекти и кај сите 120 пратеници. Сите коишто и мислат добро на државата, на народот, коишто се согласуваат дека Европска Македонија е единствената опцијата за сигурна македонска иднина. Сакал некој да разбере или не, Европската унија е најголем чувар на македонизмот“ заклучи генералниот секретар Зечевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.