СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле, туку не направиле поместување од тоа што го затекнале, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Загрижува фактот што Извештајот на Државниот завод за ревизија, наведува дека кај најголем дел од инфраструктурните проекти не само што се зголемени цените на чинење на проектите како и пролонгирани се роковите за реализација, туку во дел од нив се јавува и опасност од дополнителни трошоци за арбиртражни постапки кои треба да ги плаќа државата, таков е патот Прилеп – Градско, делот Дреново – Фариш. Автопатот Кичево – Охрид што ВМРО-ДПМНЕ го остави во напредна фаза на реализација едвај е поместен од ситуацијата во која е оставен, а според ревизорскиот извештај утврдено е зголемување од 178 милиони евра за доизградба на истиот. Тоа се пари додадени како анекси на договорот, на веќе испроектирани финансии, а патот се уште не е завршен. Лудоста на власта не застанала тука. Таа продолжила и со автопатот Скопје – Блаце, кој за 10 километри, треба да чини над 180 милиони евра, што е за 80 милиони повеќе од првично предвиденото. Зголемување за кое ЈПДП, не дале конкретно објаснување за потребата од зглемување на финаниските средства. До сега броиме 260 милиони евра дубиози на власта. За жал, на оваа листа и нема крај. Најголемата трагедија и грабеж на народот се случува со пругата кон Бугарија. Кај истата, кај третата делница од Крива Паланка до граница се предвидени безобразни 24 милиони евра за километар пруга. Пругата која би била долга 23.4 километри е проектирана од СДС и ДУИ да чини 560 милиони евра, односно за цели 220 милиони евра повеќе од претходно испроектирано. Истата поминува низ центарот на Крива Паланка, за нејзината изградба треба да се срушат стотина куќи и да се реселат исто толку семејства, а завршува со тунел кој не води никаде. Расипништвото на СДС и ДУИ најмногу се гледа во стагнацијата на инфраструктурата во државата, каде очигледно главен приоритет им било пумпање на цените на тендерите, а работата стоела во место, истакна Здравковски.

7 години подоцна, државата е посиромашна од претходно заради расипниците од СДС и ДУИ, а железници и патишта нема. За ова одговорност мора да има. ЈО не смее да остане немо на Извештајот на ДЗР. Истраги и одговорност веднаш, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.