Во Владата заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

На средбата, присуствуваа и економски тимови на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ.

За резултатите од разговорите се очекува Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на доаѓање во Владата пред средбата изјави дека како партијата се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата што го погодува граѓаните.

Прашан дали очекува нивните идеи да бидат земени предвид и што доколку не бидат прифатени, Мицкоски кажа дека тоа не зависи од нив, но посочи дека предлозите биле прифатливи за стопанските комори и не гледа причина зошто не би биле и за Владата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.