Обвинителката Лиле Стефанова го повлече обвинението за случајот со кодно име „Траекторија“ кое се однесува на изградбата на кинеските автопати.

Во случајот, за злоупотреба на службената положба обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и тогашниот директор на Улици и Патишта, Љупчо Ѓоргиевски.

Стефанова рече дека тоа го прави заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните па застареле и ќривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите.

Судењето за овој предмет почна во 2018. година и никогаш не доби првостепена пресуда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.