Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Откако Милошевски станал директор ја укинал старата Комисија, пред која веќе искази дале двајца вработени, кои учествувале во проверката, но не и тој самиот, кој ја одобрил проверката.

Комисијата која ја формирал наместо да почне од ново, се повикала на старите искази, иако од правниците во АНБ им било укажано дека мора да се повтори постапката. Комисијата составена од луѓе на Милошевски брза да го затвори целиот случај, зошто ако се спроведе детална проверка Милошевски не може да избегне одговорност, зошто тој е функционерот кој ја одобрил проверката, Онишченко нема да можел да добие државјанство без позитивната проверка одобрена од Милошевски.

Онишченко е случај, кој ако може да му се верува на Пендаровски побудил интерес за решавање и кај нашите стратешки партнери.

Владата да не ја поткопува безбедноста на државата. Ковачевски да го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, и да ја запре постапката за назначување на Виктор Димовски за амбасадор во Париз, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.