Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.
– Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, за што дававме и докази во текот на првиот мандат (на ЕК), а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.
Четиридневната турнеја на Фон дер Лајен низ земјите од Западниот Балкан, почнува се нејзина посета на Тирана, каде попладнево ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа, утре и со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Од Тирана, Фон дер Лајен утре ќе допатува во Скопје на средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, по што попладнето ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.