Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 115. седница, на чиј дневен ред меѓу другите точки се пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д.
На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за работни односи, на Законот за експропријација и на Законот за градење, сите по скратена постапка.
На денешната седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за фитофармација, Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, сите по скратена постапка.
Меѓу другите точки на оваа седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување, Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители и Информацијата за состојбата во Судскиот Совет па Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.