Министерот за здравство Арбен Таравари денеска го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон.

-Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, рече Таравари.

Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец.

Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица.

Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.