Иако сме од исто село немам лични контакти со Али Ахмети и со никој друг од ДУИ, изјави денеска Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
И после ваквата изјава на Абази почнаа да се нижат фотографии од дружби со високи претставници на ДУИ. Медиумот на албански јазик Pamfleti веднаш го демантираше Абази објавувајќи фотографија на која се гледа дека тој е фотографиран со Невзат Бејта е поранешен градиначалник на Гостивар од ДУИ и потпретседател на ДУИ. Порталитњ на албански јазик објавија и фотографија со Дилавер Бектеши, обвинител од Кичево, истакнат член на ДУИ.
Абази се пофали дека правел анализи за кривични предмети за сериозен криминал и корупција, но кога беше прашан каква му е анализата зошто за 20 години владеење на ДУИ ниту еден функционер на партијата не бил кривично гонет, вели не го анализирал тоа. Абази е соселанец на лидерот на Интегративците, но тврди дека можеби се сретнал некогаш со него, но нема блиски врски со него.
„Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам“ вели новоизбраниот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази.
Абази вели лидерот на ДУИ можеби го сретнал, ама затоа дружбата во домашна атмосфера со неговиот брат Фекри Ахмети ја овековечил.
Телевизија Алфа објави фотографија од која јасно се гледа дека Абази е во блиска корелација со Фекри Ахмети, насмеани и опуштени седат на гаранитура очигледно во неговиот или домот на фамилијата Ахмети. Ама ете, човекот не знае дека Али Ахмети му е брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.