Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претседателите на Република Словенија Наташа Пирц-Мусар и на Република Хрватска Зоран Милановиќ, ќе биде домаќин на состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 11 септември 2023 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.

Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска и претставува најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.