Вработените во стручната службна на Судскиот совет денеска излегуваат на штрајк, кој пак ќе се одржува секојдневно за време на паузите и во следните денови се до исполнување на нивните барања. Вработените во советот велат оти бараат да им се обезбедат парични средства за исплата на додатоци на плата во износ од 30 проценти, како и потпишување на анекс договорот за измена на колективниот договор. Претседателката на синдикалната организација при Судски совет Азмие Бекир денеска ги соопшти овие барања и порача дека вработените нема да отстапат од истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.