Александар Тасевски вработен во контрола на летање, на Фејсбук сподели информација за она што во моментов се случува на аеродромот во Петровец.Според неговите тврдења, во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.
Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект-пишува Тасевски.
Според него, ова е закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата.
Денешниот инцидент следува по пресот на Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски кој беше на разговор во полиција за да му презентираат кривична пријава која двајцата директори на М-НАВ, Фахрудин Мемеди и Хасим Деари ја поднеле против него за загрозување на безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.