Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија. Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници. Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии, велат од „Ултиматум, не благодарам“.

Како што е најавено и денеска протестот ќе започне во 19 часот од пред Владата. Протестниот марш ќе продолжи преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.

-Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам, се вели во повикот за денешниот протест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.