Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти питомци.

За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, на настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено-дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28.класа питомци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.