Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со европско знаме и по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2023 година, Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен за 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.