Во Собранието денеска седница треба да одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно- правната комисија.

На дневен ред на овие две собраниски комисии има една иста единствена точка – Предлог на законот за изменување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка во второ читање.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со овој Предлог се предвидува уште еден заменик-директор, со кој се доуредува раководната структура на Царинската управа и се овозможува поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата.

Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската управа се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на Законот за Царинската управа, со цел да се доуреди раководната структура на Царинската управа и да се овозможи поефикасно и поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата, се вели во образложението по Предлог-законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.