Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии – Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на закоотн за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во прво читање и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет е една точка на дневен ред – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, во прво читање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.