Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката.
Во црквата „Пресвета Богородица“ двочасовен концерт одржа маестро Горан Алачки со Ленче и Петар Кукиќ. Аплаузи на отворена сцена, заедничко пеење на гарчани со изведувачите и солзи радосници од прекрасните изведби на сопружниците Кукиќ и виртуозноста на Алачки се одлика на концертот.
Беа изведени 15-тина македонски стари песни во нов аранжман на маестро Алачки. Проектот на тројцата добри пријатели е насловен „Лектира“ и претставува промоција токму од дебарско Гари. На концертот освен гарчани имаше и голем број на присутни гости од околината, но и добронамерници од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.