Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја  Македонија.

-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснуваат од МО



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.