ДКСК се прави ненадлежна, молчат од Министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители,  молчи Талат Џафери, молчи Владата. Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение коментирајќи го случајот со синот собранискиот спикер Талат Џафери, кој полагал праводуден испит пред да стекне соодветно образование

Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат случајот со синот на Талат Џафери кој полагал праводуден испит пред да стекне соодветно образование, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение, додавајќи оти институциите не реагираат на очигледната неправилност.

„ДКСК се прави ненадлежна, молчат од Министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители,  молчи Талат Џафери, молчи Владата. Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели. Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат овој случај? Дали постои политички притисок ова да се забошоти? Дали постоел политички притисок со кршење на закон да се полага правосуден испит?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, дополнително лошо е тоа што надлежните се оградуваат од случајот и си ја префрлаат одговорноста еден на друг и додаваат дека случајот мора да се испита и да се казнат оние кои го прекршиле законот.

„Зарем со кршење на норми може да се стане човек од правосудството? Ниту било каков автократ од Форино, ниту било каков коалициски владин интерес не смее да застане на патот на правадта“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За случајот со синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет Џафери, кој се здобил со право да полага правосуден испит, иако сè уште не бил дипломиран, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) неодамна посочи дека не може да отвори предмет оти Министерството за правда не ја чува документацијата, а со тоа нема услови за да се докажат неправилностите.

Вчера, во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска истакна дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава во времето кога испитот го полагал и синот на Џафери. Уште еднаш повтори дека не дека не сака, туку Антикорупциската комисија не отвора предмет по овој случај оти не може да истражува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.