Коалицијата СДС и Левица покажуваат елементарно непознавање на законите и процедурите. Каква врска има изборот на Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните со примена на балансерот?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Апелираме да престанат да манипулираат и лажат дека ВМРО ДПМНЕ наводно се откажала од бришење на балансерот кој се покажа како алатка за манипулација на партиите кои раководат со процесот. СДС е партијата која делува како привезок на ДУИ и ниту едно соопштение не може да го покрие срамот од измеќарлукот на СДС кон ДУИ.

Воедно темата балансер е добра прилика да се види соработката која ја имаат СДС и Левица во ширењето на лагите против Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Наспроти овие лаги дека постои таен договор помеѓу ДУИ и СДС, одговорот е дека балансерот ќе се укине и тоа ветување ВМРО ДПМНЕ ќе го оствари.

И воедно оваа влада ќе се грижи за напредокот и положбата на сите заедници. Е сега вистинското лицемерие на СДС се гледа во одговорите на следниве прашања:

Од кога тоа СДС е против балансерот, или сега само по потреба се против? Што правеа 7 години претходно кога балансерот го злоупотребуваа за вработување на кадри на ДУИ во Берово и Делчево? Зошто тогаш СДС не се бунеше?Зошто на СДС му сметаат заложбите за откривање на злоупотребите на балансерот?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.