Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година имаат сработено повеќе од цела влада на СДС и ДУИ во општините со кои раководат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

Нови булевари, улици, тротоари, канализациони системи, паркови и спортски терени се секојдневие за општините со кои раководат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Планот за капитални инвестиции продолжува и во 2023 година, со предвидени 70 милиони евра за 748 проекти.

Во изминатиов период се отворија нови градинки во Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода. Се реновираа училишта во поголем број на општини низ државата.

И додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, тие од СДС немаат ниту еден проект, до толку нема што да кажат што немаа ниту отчети за сработеното.

СДС е во страв затоа што ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи, и народот јасно ја гледа разликата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.