Во официјална посета на ВМРО-ДПМНЕ, денес беа претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на Американскиот совет за млади политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија.
Потпретседателите Александaр Николоски и Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, претседателот на УМС Сергеј Попов и членот на ИК на УМС Дамјан Коњановски разговараа со делегацијата за политичкиот систем во Македонија и за предизвиците со кои се соочуваме како држава, за развојот и учеството на младите во креирањето на политиките.
Преставниците на ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност за долгогодишната соработка која Македонија ја има со САД и дадоа уверување дека истата во иднина ќе се продлабочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.