Левица направи кворум за владина реконструкција, ги спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање. Дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на оваа партија се вели:

Дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица. Левица гласаше ЗА седницата за владина реконструкција и уште еднаш на дело покажа дека се фолиранти, а не опозиција.

Секогаш кога на СДС и ДУИ ќе им затреба кворум, тука е Левица со своите два пратеника да направи.

Ова се фотографии од кои јасно се гледа дека седницата за владина реконструкција не би било можно да започне без присуството на Левица, власта немаше 61 пратеник, туку 60, а кворумот од 62 го направија Апасиев и Крмов.

Левица е приврзок на Ковачевски и Ахмети, како во Собранието, така и секаде каде ќе им затреба во Советите на локално ниво, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од Левица демантираат потенцирајќи дека мнозинството веќе имаше обезбедено кворум со 62 пратеници, а тоа може да се види и на официјалниот листинг од гласањето тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.