Аферата Паразити покажa дека во време на криза, во време кога граѓаните тонат во сиромаштија, во време кога власта вика дека нема пари за образованието, земјоделието, здравството, стопанството, инфраструктурата, функционерите од истата таа влада на СДС и ДУИ инкасираат милиони народни пари од хонорари и плати,велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес конференцијата на Дарко Каевски.

Парите за кои говорат Каевски и СДС се актуелни колку што е актуелен ланскиот снег. Но за сметка на тоа треба да зборуваме за скоро 3 милиони евра кои ги инкасираат 15 функционери од оваа власт.

Дел од аферата “Паразити” се директорите на ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани со 1.700 евра плата месечно, а ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за струја. Е тоа се паразити. Или случајот со Жерновски кој за 1000 евра месечно координира со изградба на клинички објект кој не се гради. Или случајот со Зиков кој директорува во компанија која се претвори во загубар, а зема плата од 1300 евра месечно.

Впрочем и самиот Каевски треба да каже како со пратеничка плата и нецел мандат директорување со АМС стекнал 4 милиони денари на сметка и 62м2 стан. Како фирмата на неговиот татко од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.