ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но највеќе направија за своите џебови и богатење на лични сметки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на се погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ.

Тоа е така зошто и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија.

Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата.

 

ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти, стои во нивната реакција.

СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно се и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ.

Ваквата политика и Македонците, и Албанците како и сите останати граѓани во Македонија ги донесе на работ на егзистенцијата.

20 години ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава, се дополнува во нивната реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.