На прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја прозваа директорката на детската градинка во Делчево за одговорност за скандалот на колење на животни во дворот на градинката на кој што беше сведок целокупната делчевска јавност пред повеќе месеци.

Исто така од ОК на ВМРО-ДПМНЕ го повикаа градоначалникот на општина Делчево како најнадлежен за работењето на локалните институции во Делчево да побара одговорност од директорката за ваквиот голем скандал за кој што засега сите локални надлежни институции молчат во јавност.

Во продолжение интегрално го пренесуваме екстот на прес конференцијата на Марија Сумрачка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево:

 

Јавно ги прашуваме локалните власти на СДСМ

До кога локалните институции во Делчево ќе бидат под опсада на неспособни и штетни кадри назначени од градоначалникот Горан Трајковски?

Пред повеќе од 7 месеци делчевската јавност беше сведок на варварско колење јагниња во дворот на детската градинка Весели Цветови. И до ден денес нема одговорност од раководството од градинката во чиј мандат се случи ваквиот чин на варваризам во воспитно- образовната институција.

Градоначалникот молчи, советниците од СДСМ молчат, нивната коалиција молчи, директорката Билјана Симовска молчи.

Во целиот овој молк локалните власти од СДСМ веројатно сметаат дека времето ќе ги избрише нивните недела.

Неодамна советниците од ВМРО-ДПМНЕ преку советничко прашање се обидоа граѓаните на Делчево да ја дознаат вистината и утврдување на можн одговорност, но решеноста на директорката Билјана Симовска, со несуштински и манипулативни одговори да ја сокрие вистината беше жестока.

До нас како опозициска партија неодамна пристигнаа докумети и информации од свиркач кој што сака граѓаните на Делчево да ја знаат вистината за овој случај.

Станува збор за информација која вели дека едно лице од персоналот во градината е казнето од страна на надлежен инспектор за овој случај, а директорката какко најодговорна во градинката за овој чин и понатаму продолжува да избегнува одговорност и да директорува во градинката.

Заедно со неа и Градоначалникот Горан Трајковски кој како најнадлежен за работата на локалните институции, засега молчи во јавноста за саннкција на одговорните лица за овој голем скандал. Граѓаните на Делчево заслужуваат да знаат дали Градоначалникот Трајковски ќе побара било каква одговорност од директорката на градинката Симовска?

Дечињата во градинката заслужуваат подобар менаџмент, граѓаните на Делчево заслужуваат одговорни и корисни локални функционери достојни на нивните функции, рече на прес конференција Марија Сумрачка- Потпретседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Извор: БРЕГАЛНИЧКИ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.