Соопштение до јавноста, реакција на одговорот на прашање на Димитар Ковачевски кое што се однесува за етикeтирањето и нападот на медиуми

-Слугата на Али Ахмети, Димитар Ковачевски доби насока директно од Али Ахмети да води војна со медиумите кој што ја кажуваат вистината и состојбата во државата.

Автократот Димитар Ковачевски етикетира медиуми исто како и неговиот шеф Али Ахмети кои ги жигосува медиумите.

Ова е само уште еден доказ дека оваа влада на СДС и ДУИ е најнеспособната и најкриминалната влада.

Димитар Ковачевски и Али Ахмети својата неспособност тие ја супституираат во автократија. Ваквото однесување од страна на автократот Ковачевски и неговиот шеф е срамно и недолично.

ВМРО-ДПМНЕ го кажува тоа што го говорат граѓаните, а медиумите го работат и известуваат за тоа што е реалност во Македонија, сиромаштија, најголема инфлација, неспособност, криминал и корупција.

Ги повикуваме сите релевантни медиумски организации веднаш да реагираат за ваквото етикетирање на медиуми во државата.

Ги осудуваме константните напади врз медиумите од страна на носителите на власта и бараме веднаш да престане притисокот врз медиумите и медиумските работници и тие независно и транспарентно да ја вршат својата работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.