И овој октомври вмблени го посетија своето огниште и запалија свеќи за здравје во селската црква Свети Димитрија и на гробовите на нивните претци за мир на нивните души, споделија од македонското патриотско здружение „В’мбел Егеј“, во чија организација се одржа патувањето и средбата во селото.

И после 75 години и покрај притисоците со забрани за влез во Грција за дел од нашите активисти, сепак вмблени покажуваат дека се пиреј, кога мислиш си ги искорнал нови деца никнале. Средбата во селото со многу емоции, песни, солзи, прегратки и приказни за случките од минатото.
Посебно сакаме да се заблагодариме на припадничките на понежниот пол предводени од нашата Даница Леонидова кои беа во многу поголем број од мажите на оваа средба, покажаа дека храбрата жена Македонка е стожер на македонската нација, традиција и љубов кон татковината.
Посебна благодарност до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски кој како и секогаш ја помогна средбата во село В’мбел и ги поддржува Македонците од Егејскиот дел на Македонија во борбата за својата вистина. Од година порадосни, се гледаме во селото, порачаа од здружението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.