„Личните документи ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци“ – со заложби како оваа, пред 5 години, Владата предводена од Зоран Заев ја уверуваше јавноста, дека Преспанскиот договор, помеѓу другите последици, нема и финансиски да ги оптовари граѓаните.
Која патна исправа, како и завршува, и истекува рокот, ќе се мемнува, што значи тие тропшоци по однос на патните исправи, ќе бидат во насока на редовните трошоци за вадење на патни исправи кои што ги имаат граѓаните на Република Македонија, изјaви на 13.06.2018 тогашниот портпарол на владата, Миле Бошњаковски, потсетува „Алфа ТВ“.
Сепак, пет години подоцна Владата со сосема поинаков став – документите мора да се заменат до 12 февруари, а граѓаните за тоа ќе мора да платат од сопствен џеб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.