Во вчерашната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ тимовите посетија безброј населени места низ цела Македонија. На тие средби со граѓани тимовите на ВМРО-ДПМНЕ ги ислушаа нивните проблеми и маки и исто така понудија решенија. Но, граѓаните порачуваат дека е време за избори за да оваа однародена власт си замине што поскоро и да започне подобра иднина за државата и за нив.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од населените места на Македонска Каменица нагласи дека криминалците од власта граѓаните ги доведе до беда и сиромаштија.

„Парите ја изгубија својата вредност, а задолжувањето на Македонија и на македонските граѓани е највисоко во историјата. тие пари ќе треба да ги враќаат идните генерации, односно идните Македонци, Албанци, Турци, Роми, итн. Се додека е оваа структура на власт од ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз Македонија ќе тоне и ќе губи“, заклучи Ковачки.

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше во посета на Радовиш и на десет села во радовишката околина.

„Прво луѓето во Радовиш се загрижени што државата и многу институции  почнуваат повеќе да се разградуваат, за жал власта дејствува на таков начин што го девалвира авторитетот и ефикасноста  на институциите, истакна Милошоски.

„Втората работа е што ги загрижува сите граѓани без разлика политички кој каде припаѓа е големата инфлација. Таа сериозно го нарушува стандардот на пензионерите, вработените, студентите во цела околина“, рече Милошоски.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски додаде дека ќе ги запознае граѓаните со актуелната ситуација во државата која што се случува но исто така да побара помош и поддршка.

„Едно од актуелните збиднувања е со изградбата со автопатиштата кои ние како дел од тука Битола и Прилеп не сме информирани многу што ќе се случува, знаеме само дека ќе се прави некаков автопат за кој што огромни средства се издадени, а уште незапочнато да се гради. А, не сме информирани ни како ќе оди, каде ќе оди таа траса. А, некој само вели дека ќе има автопат. Затоа велам да ги превенираме тие работи додека уште може“, заклучи Коњановски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека два месеци излегуваат во јавност со делови од договорот за изградбата на овие коридори кои е апсолутно скандалозен и спорен би рекол и незаконски.

„Досега власта не собра храброст да го објави договорот во јавност и одат под некаков превезок на доверливост иако е невозможно за таков круцијален договор да има клаузула на доверливост. Последниот обид кој власта го направи за протуркување на 8 закони во Собранието кој е неуспешен заради блокада која ја направи ВМРО-ДПМНЕ затоа што ние кажавме дека ќе водиме активна блокада во Собранието и сите закони кои се штетни за граѓаните ќе ги блокираме“, рече Николоски.

Тој додаде дека тие 8 закони покажуваат дека од власта ниту имале концепт кога преговарале,  ниту знаеле што прават, ниту имале визија.

Пратеникот Игор Здравковски додаде дека она што го забележале кај граѓаните е тоа дека тие имаат огромно задоволство поради работата на оваа локална власт, меѓутоа она што се однесува на централно ниво и понатаму ги тишти посебно во делот на земјоделието. Тоа е затоа што ова е претежно земјоделски крај.

„Со оглед на тоа дека до крајот на мај треба да се поднесат апликациите за субвенција се уште нема никаков оглас и тие се веќе загрижени и навистина не знаат дали ќе останат само на оние 30% ветени кои се загарантирани или пак ќе ги добијат сите како претходно“, кажа Здравковски.

Пратеничката Ели Панова од Сачево додаде дека граѓаните стануваат секој ден се посиромашни поради алчноста на власта.

„Граѓаните се жалат заради тоа што имаат проблеми и со производството и со продажбата на нивните раноградинарски производи. Кажуваат од власта дека никогаш не ги прашале ниту за полските патишта, ниту за водоводните канали, ниту за водата која што се помалку ја имаат“, рече таа.

Пратеничката посочи дека  граѓаните едвај чекаат да дојдат парламентарните избори за да став ат крај на оваа ненародна влада предводена од ДУИ и СДСМ.

Пратеникот Бране Петрушевски истакна дека жално е што народот се иселува и Македонија ја има сѐ помалку од ден на ден. Тоа е затоа што Владата се занимава со криминал и корупција.

„Сведоци сме дека на незапочнати проекти се исплаќаат милионски цифри додека населените места во Старо Нагоричане конкретно во Пелинце и Челопек ги немаат основните услови за живот и мораме заеднички со народот да се обединиме и направиме коалиција за да ја поразиме оваа однародена власт“, кажа Петрушевски

А, пак пратеникот Миле Лефков истакна дека граѓаните ќе ги казнат ДУИ и СДСМ.

„Ова се вистинските луѓе, ова е Македонија и ова се луѓето кои ќе ги казнат ДУИ и СДСМ и ќе ги пратат во политичка пензија и историски заборав. Она што луѓето тука го чекаат се предвремени или редовни избори на кои ќе се гласа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и конечно ќе градиме држава Македонија која ќе биде за сите, а не само за елитите од власт“, посочи Лефков.

Пратеничката Дафина Стојаноска посочи дека граѓаните велат дека во минатото тутунот беше синоним за жолто злато но денес со оваа власт тутунот не вреди ништо.

„Едно време кога овие луѓе произведувале тутун и пченица се извезувале надвор од Македонија, а  сега се живее во време кога се увезуваат истите овие производи“, вели пратеничката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.