Во чест на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.

На настанот организиран со високи државни почести, соопштија од владината прес-служба, цвеќе положија и официјални делегации од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, делегација на Армијата на Република Македонија, на Сојузот на борците од НОАВМ, на дипломатскиот кор, претставници на политички партии и други институции.

Владата на Република Македонија годинава, преку низа настани, организира свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Охрид, со кои им оддаваме чест за нивната непроценлива хуманистичка и просветителска мисија.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, претставник од Кабинетот на претседателот вчера положи цвеќе и пред споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.