Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“ во Скопје, по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА.

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ загинаа 54 граѓани кои потекнуваа од нашата држава, а настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година и ги положија своите животи, извршувајќи ги своите уставни и законски должности.

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.