По повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Владата на Република Македонија на 23.05.2024 година (четврток) организира настан за одбележување на државниот празник.

По тој повод, во 11:00 часот, владина делегација предводена од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија, Агим Нухиу, заменик министер за образование и наука во Владата на Република Македонија и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, ќе одаде почит и ќе положи свежо цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.