Митрополитот европски на МПЦ-ОА Пимен сослужуваше на вчерашната архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Сава во Париз на која српскиот патријарх Порфириј го воведе во трон епископот западноевропски на СПЦ Јустин.

На литургијата одржана во молитвено присуство на патријархот на СПЦ, на која чиночаластвуваше епископот Јустин, покрај владиката Пимен од МПЦ-ОА, сослужуваа архиереи и од Вселенската патријаршија, од Руската православна црква, од Романската православна црква и од други сестрински помесни цркви.

На устоличувањето на епискотот Јустин присуствуваа и шефот на дипломатијата на Србија Никола Селаковиќ и претставници на дипломатскиот кор во Париз.

Сослужувањето на македонските владици и свештенство со клирот на останатите православни помесни цркви стана вообичаено по одлуката на Вселенската патријаршија за враќање во канонско единство на Охридската архиепископија, како и со согласноста на СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА во мај годинава, со што беше надминат 55 годишниот раскол.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.