Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија цел еден месец лицата со колоректален, оваријален и цервикален карцином, терапија која за нив значи живот. Владата на СДСМ и ДУИ, која има 100 милиони евра за непродуктивни трошоци, нема пари за терапија за пециентите со карцином, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство не направило и не прави набавка на оваа терапија, што е огромен скандал и пример за неоговорност. Власта не заборава и не пропушта да објави набавки кај што има провизии, кога се набавува кафе, апетисани, морски плодови, службени возила или други луксузи, а ова набавка не ја прави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.