Владата на СДСМ и ДУИ шест години е на власт, веќе се влезени во седмата година на владеење, а не мрднаа со прст за ништо во здравството, освен што сопреа проекти и плаќаат казни. Тоа е резултат на расипничкото владеење на Владата предвоена од СДСМ и ДУИ, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

По раскинување на договорот за нов клинички во Скопје за што треба да се плати казна во сума што достига до 20 милиони евра, сега министерот за здравство известува дека се раскинува договорот за изградба и на новата болница во Штип. Новата болница во Штип почна да се гради во март 2016 година. Но, оваа неспособна Влада, што ја предводи Димитар Ковачевски, не прави ништо, освен што се занимава со наместени тендери, корупција и криминал“, рече Митева.

Оценува дека Владата на Ковачевски остави цел регион од речиси 300 илјади жители без соодветни услови за лекување, а не се грижи ниту за медицинскиот кадар.

Сега, како што вели, има нови оправдувања зошто не биле почитувани роковите за градба.

Па да ја прашаме власта – кој треба да следи спроведување на договореното и кој треба да постапува? Многу е јасно – тоа се надлежните, Министерството за здравство и Владата. Изговорот број два е дека бил пробиен првиот рок во 2018 година, па и вториот во јуни годинава, а во меѓувреме Владата ги заборави граѓаните. Очигледно, сега ќе се посветат на нов тендер или барање на друга фирма. А на сите им е јасно како завршува секој тендер во оваа Влада. Оваа нова клиника во Штип првично требаше да чини околу 34 милиони евра, а проектот беше делумно финансиран преку заем од банката на Советот на Европа. Но, банката пред две години се повлече, а финансирањето го продолжи Владата. И по нивните добро познати шеми, на сметка на фирмата легнаа пари, но не се направи ништо“, потенцира таа.

Граѓаните, според неа, седма година се сведоци на неодговорно и расипничко владеење од СДСМ и ДУИ. Граѓаните, како што додаде, се сведоци дека тие не мрдаат со прст, не прават ништо за подобри услови за лечење, нема инвестиции во медицински кадар или инвестиции во инфраструктура и воопшто во здравството. Токму затоа оценува дека оваа Влада треба да си замине побргу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.