Испитаниците ја оцениле работата на Владата во првите 100 дена со средна оценка
2,44 од максимум 5 во најновото истажување на МЦМС.
Според податоците ова оваа анкета незначително малцинство од испитаниците (6,8%) целосно сезадоволни од работата на Владата давајќи највисока оценка додека пак мало малцинство(25,6%) или четвртина од испитаниците дале најниска оценка. Нема значајно отстапување
ЕтничкитеАлбанци ја оцениле малку повисоко работата на Владата (2,73) во споредба со етничкитеМакедонци (2,24), но сепак нема голема разлика. Највоочлива е разликата кај
симпатизерите на двете најголеми политички партии, па така, симпатизерите на СДСМ се
задоволни од работата на Владата оценувајќи ја со средна оценка 4, додека симпатизерите
на ВМРО-ДПМНЕ најниско ја оцениле работата на Владата (1,78). Симпатизерите на ДУИ
се поумерени во своите ставови давајќи средна оценка од 3,13.
Мнозинството испитаници (65,1%) изјавиле дека Владата во првите 100 дена не ги
исполнила нивните очекувања, а ги исполнила очекувањата за една третина од
испитаниците (33%). Незначителен е процентот на граѓани кои што не знаеле (1,7%) или
одбиле да одговорат на ова прашање (0,2%).
Загрижувачки е податокот дека дури 30 посто од испитаниците сметаат дека владата не ги исполнила нивните очекувања во ниту едно поле.
Очекувања од Владата не се исполнети од 68,9% за возрасната група од 18 до 29 години
до 61,8% за возрасната група над 65 години.
Од аспект на етничката припадност, поголем процент на етнички Македонци (68,2%) во
споредба со етнички Албанци (58,1%) или други етнички заедници (61,1%) изјавиле дека
Владата не ги исполнила нивните очекувања во првите 100 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.