Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје со цел да се информира за каков проблем станува збор.

Ова денеска го посочи премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која беше презентиран новиот Буџет на Министерството за 2023 година.

Идната недела ќе собереме информации, да може да се информираме за каков проблем се работи и ќе бидат повикани сите три страни. Секаде каде што Владата може да помогне, во која било општина, без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот, ние имаме обврска тоа да го направиме во рамки на можностите и надлежностите кои Владата ги има. Таков состанок очекувам да се случи и на него да се информираме за каков проблем се работи, бидејќи во моментов не знаеме, рече Ковачевски.

Сепак, како што посочи, Владата нема никаква надлежност во организирањето на јавниот превоз во градот Скопје.

Не постои начин и надлежност државата да може да учествува. Дополнително на тоа што овде се работи за деловни односи меѓу приватни превозници и јавно сообраќајно претпријатие кое е во надлежност на Градот, рече Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.