Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите. За ова извести Владата, по денешната одржана седница.

Разрешувањето доаѓа по неговиот јавен настап во медиум, полн со контрадикторности.

Спасовски во интервјуто посочи и дека знаел за тоа дека командирот Срѓан Димитријески е осуден дека земал мито, но сепак оставил да биде командир во „Идризово“. Два дена по интервјуто, додека на смена беше Димитријески, избега затвореникот осуден за убиство и дрога, додека командирот е осомничен дека му го организирал бегството со други лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.