На владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата за „Фокус“. Допрва се очекува образложение за ваквата одлука.
Тој на функцијата дојде во 2018 година како кадар на Алтернатива, а шестгодишниот мандат требаше да му истече во 2024 година.
Правобранителот Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот „Трансмет“, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.