Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за здравство за вработување здравствени работници и здравствени соработници за потребите на јавните здравствени установи во Република Македонија.

Владата донесе Одлука за вработување на неопределено време на вкупно 1.117 лица, здравствени работници и помошно-технички работници.

Според образложенијата од Министерството за здравство и Министерството за финансии, во утврдувањето на горепосочените вработувања, земени се предвид испразнети места во јавните здравствени установи по основ на пензионирања и на веќе дадени согласности за вработувања.

Средствата се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.